Фудбалерите на Челзи, актуелните прваци во Лигата на шампионите, по вторпат во средата вечерта го победија Лил во осминафиналето од елитното континентално натпреварување.
По 2:0 во Лондон, Челзи славеше и на гости со 2:1, со што се пласираше во четвртфиналето.
Од самиот почеток Лил жестоко тргна по погодок за да го намести заостанувањето од првиот дуел, домашните нижеа шанси но Челзи успеа да го преживее почетниот притисок на францускиот тим.
Сепак Лил поведе во 38 минута, откако Жоргињо во својот шеснаесетник играше со рака Бурак Јулмас беше сигурен од белата точка за 1:0. Но Жоргињо во третата минута од судиското продолжение на првото полувреме се оправда за грешката кога испрати одлична топка во празен простор а Кристијан Пулишик кој убаво гаѓаше во спротивниот агол од домашниот гол за 1:1.
Второто полувреме започна со одличната шанса на Јилмаз кој со глава шутираше малку крај статувата, а уште поголема шанса имаше Португалецот Ксека кој во 63 минута ја погоди статовата од голот на Челзи.
Лил, како и во првото полувреме доминирапе, но на крајот се затресе неговата мрежа. Во 71 минута Моунт одлично мина у уште поубаво нафрли од левата страна, а за победата погоди Сезар Азпиликуета.