Челзи почна преговори со аргентинскиот стратег Покетино

Премиерлигашот Челзи официјално почна преговори со аргентинскиот стратег Маурисио Покетино, кој во случај да биде постигнат договор ќе седне ова лето на клупата на клубот од Лондон.

Поранешниот тренер на Тотенхем и ПСЖ, и претходно беше желба на раководството на Челзи, а клубот во оваа фаза води преговори со вкупно пет кандидати за тренерското место, објави британската телевизија Скај.

Челзи до крајот на оваа сезона го предводи Френк Лампард како привремено решение, а под негово водство лондонскиот клуб во првите четири натпревари забележа исто толку порази.

Сезонава Челзи смени двајца тренери. Прво во септември лани од клупата замина Германецот Томас Тухел, а на 2 април отказ му беше врачен на англискиот тренер Грахам Потер.