Фудбалерите на Челзи се првите полуфиналисти во годишеното издание на најстарото фудбалско натпреварување во светот англискиот ФА Куп, кој годинава одбележува 150 години од основањето, откако во саботата како гости со 2:0 го совладаа второлигашот Мидлсборо
Челзи сите дилеми ги острани уште во првото полувреме, кога мрежата на домашните ја затресоа Ромелу Лукаку во 15 и Хаким Зијех во 31 минута, и во двата случаи асистент беше Мејсон Маунт.
Мидлсборо претходно ги елиминираше англиските великани Манчестер Јуанјтед и Тотенхем, но против актеулниот европски првак беше немоќен.
Другите три четвртфинални дуели се играат во недела, а се среќаваат Кристал Палас – Евертон, Саутмептон – Манчестер Сити и Нотигнем Форес – Ливерпул.