Челзи првпат сезонава не прими гол на првенствен меч

Во првиот саботен натпревар од четвртокот коло на англиското фудбалско првенство Челзи на својот „Стенфорд Бриџ“ со 4:0 го совлада Кристал Палас, и првпат оваа сезона не прими погодок.

Победата фудбалерите на Челзи ја изборија во вторното полувреме, а стрелци беа Бен Чилвел во 50, Курт Зума во 66 а Жоржињо реализираше два удара од белата точка во 78 и 82 минута.

Со оваа победа Челзи моментално се проби на четвртото место со седум бодови, додека Кристал Палас со бод помалку привремено е на осмото место на табелата.