Челзи се приближува кон титулата, Тотенхем го одржува чекорот

Фудбалерите на Челзи направи уште едени чекор поблиску до освојувањето на титулата во англиското првенство, откако во средбата од 35-то коло на гости го совладаа Евертон со 3:0, додека во севернолондонското дерби Тотенхем со 2:0 на својот стадион го совлада Арсенал, и остана на четирите бодови зад Челзи.

Головите за Челзи ги постигнаа Педро во 66, Гери Кејхил во 79 и Вилијан во 86 минута.

Модлзборо и Манчестер Сити одиграа 2:2, откако по двете водства на домаќинот , Сити успеа да изедначи пет минути пред крајот на мечот. „Боро“ водеше со 1:0 и 2:1 со головите на Алваро Негредо во 38 и Калум Чемберс во 77 минута, но Сити се враќаше преку Серхио Агуеро од пенал во 69 и Габриел Џезус во 85 минута.

Мидлзборо со победа можеше да си ги продолжи надежите за останување во англиската Премиер лига, додека на Сити бодовите му беа потребни во борбата за пласман во Лигата на шампионите, а сега си ги загрози четвртото место.

Ремизираше и вториот клуб од Манчестер, откако на својот „Олд Трафорд“ Јунајтед одигра 1:1 против Свонси Сити. Домаќинот поведе во последните моменти од првото полувреме со голот на Вејн Руни од пенал, а изедначи Гилфи Сигурдсон во 79 минута.

Тотенхем во дербито со Арсенал беше убедлив и со погодоците на Деле Алли во 55 и на Хари Кин во 58 минута од пенал.

Челзи сега има 81 бод, четири повеќе од Арсенал, Ливерпул е трет со 66 бодови колку што има и Манчестер Сити на четвртото место. На петтата позиција е Манчесер Јунајтед со 65 бодови, а шести е Арсенал со 60 бодови, но со два меча помалку.

Последните три места кои водат во понискиот ранг ги држат Свонси Сити со 32, Мидлзборо со 28 и Дандерленд со 21 бод. Хал Сити, кој е на 17-то место кое го обезбедува останувањето во првата лига има 34 бодови.