Челзи сигурен против Њукасл

Актуелниот англискиот фудбалски шампион Челзи на својот „Стенфорд Бриџ“ го совлада Њукасл во саботата со 3:1 (2:1) во првиот натпревар од 15-то коло на Премиер лигата, а двоен стрелец за победниците беше белгискиот репрезентативец Еден Азар.

Гостите поведоа во 12 минута преку Гејл. Меѓутоа, Њукасл не го задржа долго водството, веќе во 21 минута Еден Азар го постигна својот прв гол на овој меч. Во 33 минута Шпанецо Алваро Мората го доведе Челзи во водство, а победата на екипата на Антонио Конте ја потврди во 74 минута Азар со прецизно изведен пенал.

Челзи со оваа победа привремено се изедначи по бројот на бодовите 0 32, со второпласираниот Манчестер Јунајтед, додека во убедливо водство е Манчестер Сити со 40 бодови.

Њукасл е 12-ти со 12 бодови, а во зоната на испаѓање се Вест Хем Јунајтед со 10 бодови, Свонси со 9 и Кристал Палас со 9 бодови.