Во првиот меч од првата полуфинална двојка во англискиот Лига куп, Челзи на својот „Стенфорд Бриџ“ со 2:0 го победи Тотенхем.
„Сините“ до победата дојдоа со голот на Каи Хаверџ во 5 минута, и со автоголот на бекот на „Спарс“ Бен дЕвиес во 34 минута.
Домашните беа ослабени со неиграњето на Н’Голо Канте и Тиаго Силва кои биле позитивни на коронавирусот, објави клубот пред мечот.
Реванш дуелот е закажан за 12-ти јануари.
Првиот дуел од втората полуфинална двојка меѓу Арсенал и Ливерпул, кој требаше да се игра во четвртокот во Лондон, е одложен поради растот на бројот на заразените со коронавирусот во тимот на гостите.
Ливепрул во вторникот побара одложување, а во средата Англиската фудбалска лига (EFL) го привати барањето. Така, првиот дуел од оваа двојка ќе се игра на 13-ти јануари во Ливепрул, што беше термин за реваншот, а сега возвратниот меч е поместен за 20-ти јануари во Лондон.