Најинтересниот неделен натпревар од 19. коло во англиската Премиер лига, дерби пресметката на “Стемфорд Бриџ” помеѓу екипите на Челзи и Ливерпул, заврши со минимален триумф на лондонските “сини” од 2:1.
Гостинот дојде до посакуваното водство со погодокот на Шкртел, на 1:1 израмни Азард, а конечниот резултат во 34 минута го постави камерунскиот интернационалец Самуел Ето.
Нови три бода на своето конто запишаа фудбалерите на Арсенал кои одиграа за нијанса подобро во вторите 45 минути, но таквата игра се покажа како доволна за да забележат минимална победа од 1:0 на незгодното гостување во Њукасл.
Убедлива победа од 3:0 во првенствената пресметка против екипата на Стоук, забележа тимот на Тотенхем, а дуелот помеѓу Евертон и Саутемптон заврши со минимален триумф на домаќинот од 2:1.