Ченто: Ќе се бориме да ја докажеме нашата невиност, нема предавање МАКЕДОНЦИ !!!

Јане Ченто преку неговата сестра испрати порака до јавноста. Тој се збогува со затворот „Шутка“ и порача дека и од Идризово ќе се бори да ја докаже својата невиност и верува дека ќе успее во тоа.

-Трпението не е само способност да се чека, тоа подразбира како се однесуваме додека чекаме.

Вистинската вредност на човекот не се мери во моментите на удобност и благосостојба, туку во времињата кои носат предизвици и контроверзии.

Промената не е неизбежна, туку се остварува преку непрекината борба.

Ние ќе се бориме да ја докажеме нашата невиност и ќе успееме еден ден во тоа иако ќе бидеме во затворот Идризово, нема предавање МАКЕДОНЦИ !!!

Македонија слободна ќе биде !!!

Збогум Шутка!

Порака од Јане Ченто преку неговата сестра.