
Познатиот невропсихијатар проф. д-р Методија Чепреганов ја анализираше ниската свест кај граѓаните во придржувањето на мерките за изолација против ширењето на коронавирусот. Притоа беа спомнати возрасни лица кои излегуваат во парк на партија шах, млади кои организираат забави во откупени објекти околу скопските села.
– Сите тие имаат еродирано его кое носи инает, пркос, непочитување на авторитети, експлозивно панично однесување и параноја, Тоа зависи од капацитетот на знаење и едукација на поединецот, а тоа сега не се надокнадува додека трае заканата од КОВИД – 19 – вели проф.д-р Чепреганов за Медицина и здравје.
Затоа проф. Чепреганов препорача дека е потребно прогласување на полициски час за да се ограничи движењето на луѓето, контактите, а со тоа да се спречи ширењето на корона вирусот.