Череп на диносаурус трицератопс на наддавање во Париз

Черепот на трицератопс, стар 68 милиони години, диносаурус препознатлив по збрчканата глава со три рога, ќе биде понуден на наддавање на 21-ви ноември во аукциската куќа Christie’s во Париз.

Черепот на овој мирен тревојад е пронајден во Јужна Дакота, САД во 1998 година, а претходниот сопственик го нарекол „Бејби Џејн“. Се проценува дека ќе биде продаден за сума меѓу 300.000 до 500.000 евра. Тоа е блиску до најскапата глава на трицератопс досега, продадена за 570.000 евра на наддавање на истата аукциска куќа во Лондон во 2021 година.

Во 2020 година, комплетниот скелет на фосилизираниот тираносаурус рекс наречен „Стен“ беше продаден во Њујорк за 29,4 милиони евра, што го прави најскапиот фосил на диносаурус што некогаш бил продаден.

„Сите деца, дури и големите како нас, го препознаваат обликот на главата на трицератоп. Има цели скелети, но веројатно на колекционерите им е полесно да ја задржат главата во дневната соба“, вели Иполит де ла Фероние, менаџер на париската продажба на черепот трицератопс.

Трицератопите може да пораснат до девет метри во должина.