Македонскиот ракометен вицешампион Металург, денеска (18.00 ч) му гостува на францускиот шампион Пари Сен Жермен во рамките од 8. коло од Ц групата во Лигата на шампионите. На овој натпревар домаќините ќе сакаат да се ревашираат за поразот за есенскиот пораз во Скопје (28:26).
Но, на овој натпревар Металург нема да биде комплетен, а тренерот Лино Червар се соочува со повеќе повредени и болни играчи во тимот. Меѓутоа, повредите не го обесхрабруваат хрватскиот стратег на клупата на Металург, кој подготви нешто ново за Французите.
“Павел Атман и Аце Јоноски закрепнаа. Првиот по ЕП во Данска првпат се врати на тренинзите,, но битно е дека ќе игра. Што се однесува на самиот натпревар, знам дека ќе биде тежок меч. Французите се фаворити и подобар колектив од нас и треба да бидеме свесни за тоа. Ќе ни треба многу тактичка мудрост за да не влеземе во нивната шема и едноставно, да не нокаутираат. Пред се, ова се однесува на одбраната”, изјави Червар.