Тренерот на македонскиот ракометен вицешампион Металург, Лино Червар истакна дека германскиот гигант Кил е фаворит во 1/4 финалето во Лигата на шампионите. Но, тоа не значи дека нема да се обидат да го поминат и да се пласираат на фајнлфорот во Келн.
“Противник во 1/4 финалето ни е една од најдобрите ракометни екипи во Европа во изминатава деценија, клуб кој доминира во Бундес-лигата, каде настапуваат интернационалци од врвна ракометна класа. Тие се фаворити, меѓутоа ние ќе сториме се за да се претставиме во најдобро можно светло, со подршка од нашите гледачи да стигнеме до нов голем успех. Би сакал единствено да бидеме комплетни, да ни се врати и Гоце Георгиевски, кој е повреден и ќе отсуствува одреден период“, изјави Червар.