Лицата кои не се вакцинирани против коронавирусот, а немаа доказ дека неодамна прележале Covid-19, од понеделникот нема да можат да влезат во угостителските објекти и во јавните служби во Чешка и во Словачка, откако двете соседни земји забележаа раст на бројот на заразите и хоспитализациите.
Двете земји ја усвоија оваа мерка минатата седмица, а соседна Австрија воведек од понеделникот „локдаун“ за сите жители.
Чешката влада испрати војници на испомош во болниците, во кои 700 пациенти се на одделите за интензизвна нега. Подоцна во понеделникот владата ќе дискутира за можно воведување вонредна состојба којашто ќе ѝ овозможи на студентите по медицина да помагаат во болниците.
Според одлуката на чешките власти само лицата кои се вакцинирани или имаат доказ дека прележаните од Covid-19 во последните шест месеци ќе може да ги посетуваат рестораните, хотелите, јавните установи или настаните како што се спортските натпревари. Лекарската комора, пак, се залага за уште порестриктивни мерки, односно за целосно „затворање“.
Во Чешка набрзо треба да биде објавено фомирањето на новата влада. Премиерот на заминување Андреј Бабиш порача дека земјата нема да вовед „затворање“, додека претставниците на новата коалиција, исто така, се изразија против „локдаун“ и затворање на училиштата.
Подоцна во понеделникот најавени се протести против новите епидемиолошки мерки пред Прашкиот дворец.
Во големи делови од Словачка по одлуката на владата рестораните да смеат да служат храна само на терасите, како и дека невакцинираните не смеат да влегуваат во угостителските објекти.
Владите во Прага и во Братислава со овие мерки сакаат да го зголемат бројот на вакцинираните. Околу 60 отсто Чеси примиле барем една доза од вакцините против коронавирусот, додека 46,8 отсто од Словаците се вакцинирани против Covid-19, а во земјите од ЕУ помалку вакцинирани од овие две земји има само во Романија и во Бугарија.