Чешка нема повеќе да ѝ помага на Украина со воена помош, исцрпени се сите резерви

Чешка повеќе не може да ѝ помага на Украина со оружје и воен материјал бидејќи ги исцрпи сите залихи на старо постсоветско оружје и ќе продолжи да обезбедува финансиска помош и оружје, како Словачка и Полска, кои одлучија претходно во екот на изборните кампањи. Ќе се испраќаат само како комерцијални испораки, соопшти денеска министерката за одбрана Јана Чернохова.

Од почетокот на војната, Чешка ѝ предала на Украина оружје во вредност од 258 милиони евра, како воени хеликоптери, тенкови или борбени возила на пешадијата. Чешка не може да продолжи со воената помош за Украина бидејќи ги исцрпила сите залихи кои можеше да ги даде“, рече Чернохова на прес-конференција во Прага.