Чешка пејачка намерно се заразила со Covid-19 и починала

Чешката пејачка Хана Хорка, противничка на вакцините против коронавирусот, починала на возраст од 57 години откако намерно се заразила со вирусот за да добие ковид-потврда, тврди нејзиното семејство.

Нејзиниот син Јан Рек изјавил за интернет страницата на јавното радио iRozhlas.cz дека неговата мајка одбивала да се вакцинира и намерно се изложила на вирусот со кој тој и неговиот татко, и двајцата вакцинирани, се заразиле пред 25-ти декември.

„Реши дека нормално ќе живее со нас и поскоро ќе го добие вирусот отколку да се вакцинира“, изјавил Рек.

Два дена пред смртта, пејачката на чешката фолк-група Асонанце напишала на социјалните мрежи: „Преживеав. Беше живописно. Сега ќе има концерти, театри, сауни, патувања на мора“.

Во Чешка доказот за вакцинирањето или неодмнешно прележување на болест се бара за влегување на општествени настани.

Нејзиниот син ги обвинил локалните антиваксери за смртта на мајка му и рекол дека „ја имаат нејзината крв на своите раце“. Не е наведено точно кога Хана се заразила и дали имала други коморбитети.

„Точно знам кој го формирал нејзиното мислење. Тажен сум што повеќе им веруваше на странци отколку на своето семејство и тезите за стекнување на природени имунитет со изложување на болеста“, рекол Јан Рек.