Чешките власти преговараат со англо-шведската фармацевтска компанија „AstraZeneca“ за дополнителни испораки на вакцината против коронавирусот над трите милиони дози од вакцинaта кои се во согласност со договорот со Европската унија од претходно резервирани за оваа земја, пишува во саботата порталот Seznam Zpravy.
Во прилогот, кој се повикува на портпаролката на министерството за здравство, се наведува дека од „AstraZeneca“ на Чешка ѝ понидиле дополнителни количества од својата вакцина, како и дека веќе се преговарало за поединостите, како што се бројот на дозите, цената и датумите на испораките.
Европската комисија, која е извршното тело на ЕУ, со произведувачите на вакцините против Covid-19 склучи договори за снабдување, а планирано е дозите пропорционално да се поделат меѓу државите членки. Притоа земјите членки се обврзаа дека нема да водат паралелни преговори за вакцините со фармацевтските компании.
Во саботниот напис на порталот Seznam Zpravy се наведува и дека чешкото министерство за здравство мора сега да провери во колкава мера билатералните договори се во согласност со договорот со Европската унија.