Чешките опозоциски коалици на десниот центар и на либералите се многу блиску да извојуваат победа на изборите во саботата за долниот дом на парламентот и да ја сменат од власт владејачката партија ANO на премиерот Андреј Бабиш и неоговите сојузници, според прелиминатните избори и проекции.
Шеесети иседумгодишниот милијардер Бабиш, инаку со словачко потејкло, очекува втор мандат а е на удар на големи критики поради упшравувањето со пандемијата на короанвриусот, поттикнување на длогот со голема потрошувачка и за наводен судир на интересите. Тој ги отфрла сите критики.
Двете опозициски коалиции досега обезбедиле 104 мандати во долниот ден од парламентот во кој има 200 пратеници, што значи дека заедно би ги имале мнозинството, иако ANO е релативен победник на изборите со најмалку 28 отсто од гласовитеО, покажуваат проекциите на чешката национална телевизија врз основа на пребројувањето во 89 отсто од изборните окрузи.
Опозициските коалици не сакаат да соработуваат со Бабиш, сметајќи дека е во судир на интереси поради неговото деловно царство кое го изгради пред да влезе во политиката, и кога беше под истрага за наводно користењето на европските фондови во неговите компании.
Чешкиот претседатело Милош Земан изјави дека прво на Бабиш ќе му го даде мандатот за составување на владата, додека ANO освои најмногу гласови. Но без коалициите Заедно и Пирати/Градоначалници нема шанси да формира мнозинство, како што покажуваат прелиминарните резултати. ANO можеби ќе мора да склучи сојуз со крајната десна партија Слобода и директна демократија.
Бабиш во кампањата истакнуваше дека на земјата ѝ е потребна стабилност и дека е попресперитетна отколку претходно. Ветуваше, исто така, дека ќе продолжи со зголемувањето на платите во јавниот сектор и на пензиите, ја заостри противмигрантската реторика и се противеше на препушањето на суверенитетот и овластувањата на Европската унија.
Опозицијата го критикува Бабиш порди неговиот пшопулистичкки стил на владеење одбележан со голема потрошувачка. Го критикуваат и поради хаотичните политички промени во времето на кулминацијата на пандемијата. Во земјата со 10,7 милиони жители од коронавирусот починаа над 30.000 луѓе, што е една од најлошите биланси според бројот на населението во Европа.
Обвинувањата за судир на интереси го следат Бабиш откако велзње во владата како помал коалициски партнер во 2013 година, а победи во 2017-та. Таа година Бабиш го пренесе управувањето над својот конлгомерат „Agrofert“ на фондацијата и ги отфрла обвинувањата. Но Европската комисија тврдила дека постои судир на интереси и ги сопред субвенциите за „Agrofert“.
Новите обвинувања се појавија минатиот викенд со појавата на милионите документи од заедничкото досие „Pandora Pepers“ за илјадници светски политичари и славни личности кои го криеле капиталот и избегнувале плаќање данок во ткн даночни оази. Врз основа на нив Бабиш е обвинуван дека користел сомнителни офшор структур за купување недвижнини во Франција пред да влеза во политиката. Документи кои го поврзуваат со тајна сопственост вредна 22 милиони американски долари во село кај француски Кан, а тој го отфли и овие обвинувања.