Чешкиот премиер Андреј Бабиш потврди во неделата дека чешката полиција го известила на почетокот од јануари дека постои лице кое има намера да изврши негова и ликвидација на членовите на неговото семејство, кое сега се наоѓа во притвор во Шпанија.
Според Бабиш, оваа закана била поврзана со заострувањето на рестриктивните мерки насочени кон спречувањето на ширњето на коронавирусот во Чешка која последниот период е меѓу најпогодените од пандемијата по појавата на новите соеви на коронавирусот.
„Полицијата ме извести на 8-ми јануари дека има човек кој се заканувал дека ќе ме застрала мене и членовите на нашето семејство, по што нашиот дом беше ставен под дополнително обезбедување“, изјави во неделата Бабиш во разговорот за телевизијата CNN Prima News.
Бабиш наведува дека за тоа не го известил своето семејство за заканите. Тој претпочитал да го испрати надвор од Чешката. „Жена ми замина (на кус одмор) во Дубаи. Таа не знаеше ништо за тоа, а дури сега за тоа дознава“, рече премиерот.
Истовремено во неделата чешката полиција на својот официјален профил на Twitter соопшти дека е отворена кривична постапка против лицето кое ги упатувале заканите по животот на премиерот.
„Во врска со заканите кон премиерот, можеме да потврдиме дека прашката полиција отвори кривична постапка против конкретно лице. Криминалистичката полиција се обрати до обвинителството со предлог за апсење на ова лице“, се наведува во пораката.
Според извештаите на шпанските медиуми, лицето кое му се заканувало на чешкиот премиер е идентификувано како извесен Лукаш Брахачек, кој бил приведен со посредство на Интетпол на 12-ти февруари од шпанската полиција во Барселона, недалеку од домот во кој живеел. Брахачек, наводно, барал од Бабиш, кој важи за еден од најбогатите луѓе во земјата, во рок од пет дена да се повлече од премиерската должност, во спротивно, како што се заканувал, ќе ги убие членовите на неговото семејство.