Чешкиот претседател добил заканувачко писмо

Претседателот на Чешка, Милош Земан доби заканувачко писмо во кое имало непознат бел прав.

Според портпаролката на чешката полиција, Јана Мацаликова пожарникарите преземале соодветни безбедносни мерки и писмото го предале на експертиза.

Канцеларијата на Претседателот не ја потврди директно информацијата, иако според портпаролот Јиржи Овчачек, Земан кој е во тридневна официјална посета на Злинската општина каде и преноќува е информиран за преземените стандардни мерки од страна на припадници на безбедносните сили.