Чешкиот претседател смета дека Русија можеби не стои зад експлoзиите во 2014-та

Немаше докази за присуство на некакви „руски агенти“ во складиштетот за муниција во селото Врбетица во извештаите на Службата за безбедност и контраразузнавање (BIS), и претпоставката според која во 2014 година руските разузнавачки служби учествувале во таа експлозија е само една од двете теории, изјави во неделата чешкиот претседател Милош Земан.

Земан истакна дека не може да се дозволи странски агенти да вршат тероризам во Чешка, но истакна дека контраразузнавањето и безбедносните служби сѐ уште немаат докази и оцени дека е потребно со „без хистерија и со ладна глава“ да се дојде до повеќе информации, објаснувајќи го неговиот молк изминатата седмица во разгорот на тензиите меѓу Прага и Москва.

Руската страна претходно на чешките обвинувања одговори дека стануваат збор за обид за дефокусирање, откако претходно Москва објави сознанија за подготовки за ликвидација на белорускиот претседател Александр Лукашенко и членовите на неговото семејство, кој наводно бил подготвуван во Прага.

Во врска со истата тема, во саботата непосредно пред најавеното интервју на чешкиот претседател, американскиот дневен весник The New York Times, објави дека компанијата ЕМКО на бугарскиот трговец со оружје Емилијан Гебрев признала дека чувал муниција во магацините во селото Врбетице во источна Чешка во која се случиле двете експлозии. Два извора на весникот, исто така, рекле дека Гебрев, кој наводно бил труен од руските тајни служби, исто така „признал она што претходно го одрекувал, дека неговата компанија испорачувала вооружување во Украина по 2014“ година во судирот на тамошните сили со рускојазичните бунтовници под маската дека се товари за Тајланд, а договорите биле склучени кон крајот на 2014-та.

Изјавата на чешкиот претседател Милош Земан дадена во разговорот за телевизиите Prima и CNN Prima NEWS дојде по една седмица откако тој го одобри владиното протерување на десетици руски дипломати од Прага поради сомневањата за наводно учество на припадници на руското воено разузнавање ГРУ во експлозиите во 2014-та, а обвинети за наводното труење со нервен агенс на поранешниот двоен руско-британскио шпион Сергеј Скрипал во Англија пролетта 2018 година.

Според Земан постојат две терории, но истакнува дека нема докази за присуство на руското разузнавње во експлозиите, првата на 16-ти октомври а втората на 3-ти декември 2014-та во кои загинаа две лица.

„Истражуваме две теории: според првата, експолизјата е поледица на нестручното ракување со експлозиви, а според другата станувало збор за операција на странска разузнавачка служба. Двете теории ги сфаќам сериозно и сакам темелно да се истражат“, рече Земан.

Притоа посочи дека во првичниот извештај од чешките безбедниосни служби не била наведена саботажа, и дека многу подоцна се појавил таков извештај.

„Можам да кажам дека во извештајот на Службата за безбедност и контраразузнавање, потцртувам, не постоат докази и сведоштва дека тие двајца агенти се наоѓале на територијата на магацините во Врбетице. Кога биле прегледувани просториите на вториот магацин непосредно пред да се случи експлизијата во него, таму не била најдена експлозивна направа“, рече Земан.

Чешкиот претседател истакна дека безбедносната служба „никогаш порано во овие шест години не го споменувала инциденот“, туку во последните неколку седмици се јавиле сомневањата за вмешаноста на наводно двајца руски агенти во експлозиите. Сепак, според Земан, тоа сомневање мора да се земе сериозно.

„Од сето кажано не произлегува дека сомневањето за нивното учество не е несериозно. Прво мора да одговориме на прашањето дали тие воопшто учествувале. Второ, фактот што контраразузнавањето не ја докажа нивната вмешаност, не знали дека тие не влегле на територијата на магацините во Врбетице. Полицијата ја истражува хипотезата дека еден од сопствениците на IMEX (компанијата којашто ги изнајмувала магацините за чување на минуцијата), можел да ги внесе таму. Ова сомнение мора да се исклучи или потврди“, додаде чешкиот претедател.

Земан, кој на Западот и во противниците во Чешка е често обвинуван за проруски ставови, се залага за купување на руската вакцина „Спутник V“ против коронавирусот, и за учество на руската државна компанија за нуклеарна енергија „Росатом“ на тендерот за изградба на ректор во Чешка, на кој учестуват и американска, јужнокорејска, франциска и кинеска компанија.

Чешкиот претседател смета сега дека „Росатом“ би требало да биде исклучен од тендерот, доколу се докаже вешаноста на Русија во ексползииите, а владата претходно рече дека тоа ќе го стори и без оглед на крајниот резултат.

Чешката влада минатата седмица протера 19 руски дипломати и персона од амбасадата во Прага, обвинувајќи ги дека наводно се припадници на разузнавачките служби, што го одобри Земан.

Москва на тој потег одговори со протерување на 20 чешки дипломати и друг персонал и од Чешка побнара до мај да отпушти 90 припадници на рускиот помошен персонал кои работат во нејзината амбасада и во коплексот со хотел наменет за чешките посетители во Русија. Прага на тоа, пак, одговори со најава за дополнително протерување на уште 63 руски дипломати и персонал.