Чешкиот претседател Милош Земан кој претходно во неделата претпладнето беше хоспитализиран во Централната воена болница во главниот град Прага е згрижен на одделот за интензивна терапија, изјави директорот на болницата и истовремено личен лекар на претседателот, Мирослав Заворал.
Заворал на брифингот во медицинската установа рекол дека Земан е примен поради компликации поврзани со неговата позната дијагнзоа, така што лекарите можат да ја спроведат соодветната терапија и лекување. Додал дека претходно седмицава двапати го посетил претседателот и препорачал хоспитализација, но Земан одбил. Одбил да ја каже дијагнозата.
„Не можам да ја соопштам дијагнозата на пациент без неговата согласност“, посочил Заворал.
Новинската агенција ČTK известува за најновите здравстевени проблеми на 77-годишниот претседател, повикувајќи се на портпаролот на Централната воена болница каде Земан и претходно беше хоспитализаран. Земан во септември мина осум дена во болницата, од каде беше објавени дека бил подвргнат на вообичаен детален преглед.
Порано беше објавено дека Земан пати од невропатија, поради која од пролетта годинава повремено се движи во инвалидска количка и со помош. Покрај невропатијата на нозете, Земан се жали и на ослабен слух и низок крвен притисок. Претходно беше под лекарски надзор за дијабетес.
Претседателот Милош Земан и премиерот Андреј Бабиш се сретнале во претседателската резиденција „Дворецот Лани“ крај Прага околу 45 минута пред, со амбулантно возило Земан да биде префлен во болницата.
Бабиш претрпе тесен неочекуван пораз од двете опозициски коалици кои на парламентарните избори од 8-ми и 9-ти октомври освоија 108 од 200-те мандата во Претставничкиот дом, долниот дом на чешкиот парламент, но поради комплицираниот изборен законик, партијата на премиерот Бабиш има еден мандат повеќе од следната десна коалиција.
Земан, кој ја има клучната улога во одредувањето на следните чекори бидејќи како претседател е задолжен за именување на личноста која ќе се обиде да ја формира следната влада. Доколку биде утврдена спреченост или неспособност на претседателот, таа задача ќе мине на претседателот на Претставничкиот дом.
Постизборната политичка превирања се можни, бидејќи Земан уште во текот на изборните денови изјави дека мандатот за составување на владата нема да ја додели на претставници на коалиции, туку на челникот на партијата која има поединечно најмногу мандати, а тоа е ANO на Бабиш.
Милош Земан е претседател од 2013 година, а беше чешки премиер од 1998 до 2002 година. Земан е првиот чешки преседател кого народот двапати директно го избираше по уставните и измените во изборниот законик.