Чешките болници известиле за рекорден број пациенти заболени со Covid-19, покажуваат податоците кои во средата ги објави тамошното министерството за здравство.
Севкупно во чешките болници на лекување од Covid-19 се хоспитализирани 8.162 луѓе, а министерството за здравство истакнува дека станува збор за најголем број од избувнувањето на пандемијата пред една година. Од нив 1.600 се со тешка форма на болеста, поради што се ставени на респиратори.
Во последните 24 часа во Чешка се забележани се 16.642 нови случаи на коронаинфекциите. Во текот на последната седмица на 100.000 жители имало 780 заразени.
Поради ваквите бројки во источна Чешка е активиран планот за вонредни состојби, бидејќи болничките капацитети се на самиот раб од опстојување.
Имајќи ја предвид очајната ситауција, во лекувањето на пациентите, исто такал се користат и неодобрени и нетестирани лекови. Така, во болницата во градот Брно пристигнале 10.000 пакети на натипаразитскиот лек „Иверектин“. Оваа практика лично ја заговара премиерот Андреј Бабиш велејќи „Зборуваме дека не можеме да ги чекаме клиничките тестирања. Да пробане вака“.
Во меѓувремене големите чешки компании започнаа со масовни тестирања на своиет вработени, и во следните две седмици, по налог на владата, на коронавирусот ќе тестираат барем еднаш повеќе од два милиона работници и службеници.
Од почетокот на пандемијате во Чешка, која има речиси 10 милиони жители, со коронавирусот се заразиле речиси 1,3 милиони луѓе, а починале 29.941 лица.