Чешките партии потпишаа коалициски договор за влада на десниот центар

Пет чешки партии потпишаа во понеделникот договор за нова коалициска влада на десниот центар откако на изборите во октомври забележаа успех и се на чекор во смената на владата на премиерот Андреј Бабиш.

Париите од шарен дијапазон на политичкиот спектар, од умерено евроскептичните Граѓански демократи до либералната Пиратска партија на левиот центар, ветуваа на намалување на буџетскиот дефиците кој контиурано расте од минатата 2020 година во поандемијата на коронаврисуот и се очекува дека буџетскиот дефиците годинава ќе надмине 7 отсто од бруто домашниот производ (БДП).

На изборите одржани на 8-ми и 9-ти октомври, петте партии заедно освоија 108 од 200 мандати во долниот дом на чешкиот парламент. Партијата ANO, на Андреј Бабиш, како поединечна партија оствари најдобар резултат, но нејзините коалициски партии не влегоа во парламентот па Бабиш набрзо призна дека нема да може да собере доволно голема коалицијата и оти е подготвен да се повлече во опозиција.

Бабиш во текот на кампањата истакнувањеш дека на земјата ѝ е потребна стабилност и дека е попросперитетна од претходно. Ветуваше, исто така, дека ќе продолжи да ги зголеми платите во јавниот сектор и пензиите, ја заостри противимигрантската реторика и се противеше на препуштањето на суверените овластувања на Чешка на Европската унија.

Партиите кои сега го потпишаа коалицискиот договор, пак, во текот ан кампањата истакнвуаат дека се обединети и оти сакаат да го сменат Бабиш кого го обвинуваат за судар на интереси преку неговата улога како основач на земјоделскиот конгломерат „Agrofert“. Но Бабиш, кој е милијардер од словачко потекло, во 2017 година пред да стане премиер, ги пренел управувачките права на фондација и ги отфрли обвинувањата.

Неговиот најверојатен наследник на премиерската должност, Петр Фиала, во понеделникот порача дека новата коалиција мора брзо да дејствува.

„Мораме што поскоро да ги решиме проблемите на луѓето и да ја извлечеме земјата од повеќе кризи, од здравстената и економската до кризата на вредностите“, рече Фиала.

Според процедурата, Фиала може да биде именуван за премиер од претседателот Милош Земан откако сегашната влада ќе поднесе остаква пред одржување на конститувната седница на новиот состав во парламентот која започна во понеделникот попладнето и може да потрае неколку дена.