Чесите потврдија дека го произвеле, тестирале и уништеле нервниот агенс „новичок“

Кабинетот на претседателот на Чешката Република објави во петокот дел од извештајот на чешкото воено разузнавање од кој е симната ознаката на доверливост, а на кој неодмана се повика претседателот Милош Земан кога потврди дека во неговата земја се прозиведувал и тестирал нервниот агенс кој Западот го нарекува „новичок“ и тврди дека со него биле затруени поранешниот двоен руско-британски шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка во март во Англија и за што ја обвинува Русија.

„Претседателот на Републиката го извести воената разузнавачка агенција за проектот во текот на кој Воено-истражувачкиот институт произвел неколку милиграми мешавина којашто ја содржела супстанцијата А-3210, наречена новичок. По тестирањето, примерокот е уништен“, се наведува во соопштението на кабинетот на чешкиот претседател.

Според овој извештај, примерокот произведен во Чешка бил со поинаква класа од нервниот агенс „новиок“ кој е употребен во нападот врз Скрипал.

„Треба да се истакне дека Чешката Република нема ништо заедничко со инцидентот на труење со нервен гас во Солзбери“, се истакнува во соопштението.

Земан на 3-ти мај гостувајчи на прашката телевизија изјави дека мали количества од новичок се тестирани во ноември 2017 година во Воено-истражувачкиот иснтитут во Брно, а потоа биле уништени.

Десет дена подоцна интернет изданието на прашкиот неделник Respekt објави дека поранешниот полковник во руското воено разузнавање кој подоцна бил врбуван за британските специјални служби Сергеј Скрипал во 2012 година престојувал во тајна посета на чешката престолнина, а се среќавал со чешкото разузнавање и во Велика Британија.

Кон крајот на март портпаролот на чешкиот претседател, Јуржи Овчачек изјави дека контраразузнавањето на земјата започнало истрага по повод можниот развој или складирање на територијата на Чешка на отрови од типот на „Новичок“. Кон овој процес биле вклучени и военото разузнавање и лично министерот за одбрана Карл Шлехтов, беше кажано.

Британската премиерка Тереза Меј на 12-ти март рече дека 66-годишниот Сергеј Скрипал и неговата 33-годишна ќерка Јулија биле отруени со воен нервен отров кој го нарече „Новичок“ кој наводно Советскиот сојуз го развил во 1970 и 1980-те години.

Русија, пак, објави дека името „Новичок“ е дадено за да асоцира на „руско“, но дека станува збор за агенс познат како А-230 и подвид А-234, кој го развивале и Велика Британија, Шведска, Чешка и Словачка, како и САД каде што со децении живее еден од руските хемиски научници кои работеле на вакви супстанции.