Половина од Чесите се плашат дека некој од регионалните вооружени сили, пред се оние во Украина, ќе се претворат во светска војна или судир од пошироки размери во кои би била вовлечена и Чешка и затоа 37 отсто од Чесите го поздравија повторното воведување на воениот рок.
Во анкетата на чешкото радио, 47 отсто од Чесите изразија загриженост дека Чешка ќе биде вовлечена во некој од сегашните вооружени судири, додека 50 отсто веруваат дека тоа моментно не е реална закана.
Страв предизвикуваат судирите во Украина и тензиите меѓу Западот и Русија.