Честитка од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ по повод почетокот на Рамазанските пости

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“, по повод  почетокот на рамазанските пости, упатува честитка до поглаварот на Исламската верска заедница во Република Македонија, Реис Ул Улема Хаџи, Сулејман Ефенди Реџепи, до членовите на Ријасетот и до сите припадници на исламската вероисповед во Република Македонија.

Интегрален текст од Честитката:

Рамазанските пости секогаш се можност да се покаже великодушноста и да се има мислост и разбирање за сите луѓе. Светиот месец Рамазан е време за духовно прочистување и возвишување на верниците од исламска вероисповед.

Искрено се надеваме дека преку искушенијата на рамазанскиот пост на верниците од исламска вероисповед, ќе дојдат до својот мир, благосостојба, трпеливост, љубов и проштевање.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ Ви посакува лесни рамазански пости и само со добра мисла заедно можеме да придонесеме создавање на заеднички добра, поголем економски раст и подобар стандард за сите граѓани на Република Македонија. Почитувајќи се себеси и почитувајќи го другиот, ќе можеме да оствариме напредок за модерна и силна Република Македонија.