![begalci33 Чешка во Македонија може да испрати полицајци за справување со бегалската криза](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/09/begalci333.jpg?resize=495%2C340&ssl=1)
Чешка би можела да и помогне на Македонија во совладувањето на бегалската криза со испраќање контингент полицајци, изјави чешкиот министер за одбранa Мартин Стропницки, објави МИА.
За испраќањето на помошта во Македонија идната недела во чешкиот главен град ќе разговараат претставници на земјите на Вишеградската група (В4), во која покрај Чешка се и Словачка, Полска и Унгарија.
Во моментот, Чешка со десетици војници помага во Унгарија и Словенија