![238215673](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/04/238215673.jpg?resize=640%2C392&ssl=1)
Хакер од Чешка ограбил фирма од Гостивар на која и ја хакирал електронската пошта, информираше МВР.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против А.В.(28) од Република Чешка за сторено кривично дело компјутерска измама.
Според полицијата, Чехот во временски период од 05.03.2016 година до 27.04.2016 година лажно се претставувал како сопственик на фирмата „Памеса Керамика” со седиште во Шпанија, со која фирмата на гостиварецот Е.Ш.(54) имала деловна соработка.
Хакерот претходно ја пресретнал електронската комуникација меѓу фирмите, па на Е.Ш. му испратил
мејл од електронска адреса индентична на „Памеса Керамика”.
Измамникот побарал од гостиварецот парите од првата рата од купената стока, во износ од 3.600 евра да ги уплати на сметката на хакерот. Оштетениот на 27.04.2016 година ги уплатил парите, но после одреден временски период од Шпанците добил известување дека не биле префрлени парите, по што Е.Ш. сфатил дека е измамен и го пријавил случајот во полицијата.