Честитка од претседателот на Собранието Талат Џафери по повод големиот еврејски празник – Јом Кипур.
Почитувани граѓани, припадници на Еврејската заедница во Република Македонија,
Дозволете од име на Собранието на Република Македонија и од мое лично име да упатам искрени честитки по повод големиот еврејскиот празник – Јом Кипур, со срдечни желби за добро здравје, душевен мир и спокој, семејна среќа и благосостојба, индивидуални и колективни успеси на личен и професионален план.
Еврејската заедница е ценет и почитуван дел на нашата повеќе етничка заедница која е сплет на култури, јазици, вери и посебности и тоа што сме свртени едни кон други во добро и во зло, е од непроценлива важност за подобро взаемно разбирање и почит. Тоа е влог во развивањето на демократско општество со квалитетни взаемни односи во кои сите ќе се чувствуваат еднакво значајни и вредни за заедницата. Ви посакувам да продолжите со негувањето на вашата посебност која ги издржала тестот и предизвиците на новото време. Значењето на празникот Јом Кипур, или денот на покајанието е убав начин да се потсети секој за својата несовршена природа но и на човечноста која произлегува од признавањето на грешките, покајувањето и опростувањето.
Драги сограѓани, Ви посакувам убав празничен ден во кругот на Вашите драги и блиски луѓе, во добро здравје, мир и благосостојба.
Честит празник!