![ivanov](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/01/ivanov2.jpg?resize=500%2C361&ssl=1)
Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, по повод големиот еврејски празник Пaсха, упати честитка до Берта Романо-Николиќ, Претседател на Еврејската заедница во Република Македонија, како и до сите припадници на Eврејската заедница во Република Македонија.
„Историјата на еврејскиот народ е бурна и познава многу неправди, на раселувања и прогонувања, на големи жртви и страдања. Но, уште позначајно е дека тоа не ја намалила надежта за подобар живот, независност и самостојност, туку напротив само ја зајакнала. Токму затоа ги чествуваме празниците како овој, за да не потсетуваат дека не треба да го заборавиме минатото бидејќи тоа не учи и ни дава надеж за нови предизвици и победи. Припадниците на Еврејската заедница се прифатени и се почитувани како неотуѓив дел од македонскиот модел на соживот и придонес во општествениот развој на Република Македонија. Негувајќи ги меѓусебните односи и традиции создадовме вредности за идните генерации“ , стои во честитката.
Иванов честитајќи го празникот Пасха упати искрени желби за мир, меѓусебна доверба и пријателство.