Честитка од министерот Спасовски по повод Бадник

– Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на сите православни христијани им го честита Бадник, предвесникот на Христовото раѓање.

-По четириесетдневниот пост да се подготвиме да ја пречекаме и прославиме веста за Христовото раѓање со посна вечера посветена на големиот Син божји и молитва. Почитувајќи ја традицијата, да заборавиме на лошото, да научиме да простуваме и да го отвориме срцето за другите, давајќи и можност на добрината да ги усреќи сите околу нас. Споделувајќи божикни радости, заедно со најблиските, во ноќта на мирот, радоста и сплотеноста, будни го дочекаме Христовото Рождество, а едноставноста и умереноста да бидат и сега наши добродетели, покажувајќи ни го вистинскиот пат на Христијанинот, наведува Спасовски во честитката објавена на неговиот фејсбук профил.