Во име на ВМРО-ДПМНЕ и на членовите на партијата на сите граѓани припадници на еврејската заедница во Република Македонија им го честитам најсветиот еврејски празник Јом Кипур.
„Нека празничните мигови ви поминат во мир и спокој во овие тешки времиња на предизвици и тешкотии. Токму хуманоста и сплотеноста нека бидат нашата духовна ѕвезда водилка која ќе ни помогне на сите нас да ги пребродиме кризите и да си бидеме потпора еден на друг во справувањето со сите пречки во животот. Македонија била и ќе биде секогаш добар пример на толеранција и меѓусебно разбирање, пример за мултиконфесионално општество во кое почитта кон сите била врската која не одржувала низ вековите.
Нека се од Бога благословени ваквите празници кои не потсетуваат на традицијата на помирувањето и милосрдието. Само со подадена рака еден кон друг ќе ја градиме Македонија и подобрата иднина на нашите деца.
Нека е честит Јом Кипур. Нека е вековит празникот.
Нека е вековита Македонија“, стои во нивната честитка.