Честитки и поддршка од ЕУ за Макрон

Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер му честиташе на центристичкиот проевропски кандидат на француските избори Емануел Макрон и му посака среќа во вториот круг на 7 мај, а му честитаа и францускиот социјалистички претседател на заминување Франсоа Оланд, како и германските политичари кои наесен ги очекуваат парламентарни избори изразувајќи увереност дека ќе ја „смете“ крајната десница во вториот круг.

„Јункер му честиташе на Емануел Макрон на неговиот резултат во првиот круг и му посака сé најдобро во вториот круг“, изјави портпаролот на челникот на Европската комисија.

Германскиот министер за надворешни работи Зигмар Габриел на Twitter во видео порака од јорданската престолнина Аман објави „Среќен сум што Емануел Макрон ќе стане следниот француски претседател. Сигурен сум дека во вториот круг ќе ги смете крајната десница, популизмот на десницата и антиевропејците“. Социјалдемократот Габриел притоа 39-годишниот Макрон го нарекува „единствениот вистински проевропски кандидат“ за кој е убеден дека ќе биде „одличен претседател“.

Портпаролот на германската канцеларка Ангела Мерел му посака среќа на Макрон во вториот круг. „Добро е што Емануел Макрон имаше успех со своите ставови за силна ЕУ плус пазарна социјална економија. Среќно по две седмици“, напиша Штефен Зајберт на својот профилна Twitter.

Мартин Шулц, кој ја напушти должноста претседател на Европскиот парламент за како кандидат на Социјалдемократската партија на Германија (SPD) да се кандидира на септемвриските парламентарни избори за канцелар, изрази надеж во победата на Макрон во вториот круг против „антиевропската и отворено расистичка кандидатка Марин Лепен“. Според него, „потребна е мобилизација за да се осигури дека Макрон ќе победи во вториот круг“.

Претседателот на заминување Франсоа Оланд, чијшто сопартиец Беноа Амон доживеа дебакл, телефонски му честитал на својот поранешен министер за економија Макрон, кој поради неговиот слаб рејтинг излезе од владата ланскиот август го основаше движењето Напред и во ноември ја објави својата кандидатура.