Четири активни пожари во Македонија, изгаснати 19

Изутринава во земјава има четири активни пожари, а во изминатите 24 часа, како што информираат од Центарот за управување со кризи имало 23 пожари на отворен простор.

Активни се пожарите во село Елово, во општина Студеничани каде гори нискостеблеста шума, село Мелница во Чашка гори букова шума, ниска вегетација е запалена помеѓу селата Ново Село и Долно Татеши во Струшко, додека во месноста викана Тепсија, во битолско, гори сува трева.

Изгаснати се 19 пожари и тоа во село Бучинци, населба Економија, на патниот правец Штип кон Неготино, штипската депонија, на патот Битола кон Логоварди, село Добромири, село Беранци, село Житоше, во прилепската фирма „Бимфуд“, сува трева во Дата Центар во градот Прилеп, село Дабнина, село Сарандиво, сува трева околу фабрика Чавле, помеѓу селата Гечерлија и Чанаклија, сува трева кај село Ваксинце, кај село Рамановце, во кумановската населба Карпош, како и кај селата Здуње и Чајле.