![detski tobogan](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/detski-tobogan.jpg?resize=668%2C444&ssl=1)
Четири деца се повредени за време на роденденска забава во Грција кога одлетал тобоган на надувување, а полицијата ги привела родителите кои ја организирале забавата.
Во забавен парк во Коропа е организирана детска роденденска забава, но сопственикот ги немал потребните дозволи да постави тобоган. Според грчките медиуми, повредените деца имаат само осум години, а три се пренесени во болница. За среќа сите поминале со полесни повреди.
Полицијата ги приведе управителите на забавниот парк, како и родителите кои ја организираа роденденската забава.
Против две лица е поднесена кривична пријава, бидејќи ја попречувале полицијата кога се обидела да го затвори просторот.