Добро е граѓаните да бидат потсетени за неспособноста на СДСМ, за бесрамно лажење и обид да наметнат кратко паметење. Веќе четири години алармираме за неспроведувањето на ветената програма на Борис Георгиевски и со неговиот молк добиваме потврда дека власта воопшто не чувствува одговорност пред граѓаните. Граѓаните на Автокоманда и Керамидница се оставени без уставно – загарантираното право, правото на здравствена заштита, вели Бобан Стефковски, претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ за скопска Гази Баба.
-СДСМ и градоначалникот на Општина Гази Баба пред четири години ветија изградба на нова поликлиника во Автокоманда, но и тоа ветување како и се друго, остана само проект на хартија.
Во ек на светска здравствена криза, проследена со пандемија од невидени размери додека Филипче и Заев се возат со своите мотори, жителите на Автокоманда и Керамидница беа принудени здравствената заштита да ја остваруваат во приватни клиники и други здравствени установи.
Во конкуренција за најголема лага на градоначалникот и СДСМ е даденото ветување во 2017 година дека ќе биде изградена нова поликлиника во урбаната заедница Автокоманда.
Борис Георгиевски ги изманипулира граѓаните во општина Гази Баба дека ќе изгради поликлиника во Автокоманда која ќе има најсовремена опрема и специјалистички ординации.
Сами може да се уверите од она што го гледате позади мене дека на истекот на мандатот на Георгиевски нема никаква активност од најавениот проект.
Здравствените осигуреници од урбаните заедници Ќерамидница и Автокоманда добиваат здравствени услуги во стара и руинирана амбулантна надвор од сите стандарди. Овој објект не е безбеден и во него не може да се даваат услуги на граѓаните, самиот лекарски персонал работи во субстандардни услови.
Автокоманда како населба со најголем број на жители во општината нема соодветна примарна и секундарна здравствена заштита.
Времето на Борче Георгиевски и СДСМ во Гази Баба завршува.
Граѓаните на Гази Баба на дело ја видоа неспособноста на владеењето на СДСМ на локално и централно ниво. Идната локална администрација, предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе ја врати Општина Гази Баба на патот на развојот, напредокот и реализација на сите проекти!, додава Стефковски.