Четири хороскопски двојки што се судени еден за друг

Астролозите сметаат дека ова е извонредна комбинација. Тврдоглавиот, амбициозен јарец одлично ќе се надополнува со ракот кој понекогаш и премногу сака да мечтае. Со текот на времето овие два знака изнаоѓаат заеднички јазик и лесно ќе го усогласат ритамот во заедничкиот живот. И двата знаци се штедливи и внимателни во заработувањето и трошењето на пари па од таа страна тешко е да се очекуваат било какви несогласувања. Верни се, не се склони кон флерт и забранети излети настрана. Тие наоѓаат задоволство во малите животни радости.

Лав и Водолија

Лавот е крал на сопствениот универзум и неможе да и одолее на водолијата. Бунтовниот дух го воодушевува лавот, а водолијата е импресионирана ид неговата најатрактивна харизма. Ниту еден од нив нема лесно да ја препушти доминацијата на другиот. Лавот најмногу се интересира за себе си, додека водолијата сака да истражува и ја интересира остатокот од светот. За среќа водолијата во лавот ќе најде доволно занимлив материјал што ќе ја задржи заедно со него. Како и секоја друга комбинација од спротивни знаци, така и оваа може подеднакво да заврши со изразено среќна врска или со целосна катастрофа.