Полицијата во шппанскот јужниот град Алзара, на 36 километри од Валенсија, уапсила четири жени со хрватски документи под обвинение за ограбување куќи и станови.
Жените, на возраст меѓу 18 и 34 години, претходно биле регистрирани во полицијата за слични прекршоци, соопшти во неделата националната полиција на Шпанија. Судот во северниот град Овиедо издал налог за апсење за една од нив.
Жените, чиишто имиња не се соопштени, во Алзара ги забележал полицаец кој во тој момент не бил на должност. Ги следел поради сомнително однесување меѓу зградите во центарот на градот со 46.300 жители, а потоа повикал полициска патрола.
„Уапсените жени секогаш постапувале на ист начин. Прво ѕвонат на домофонот и гледаат во прозорците и балконите, обидувајќи се да откријат дали има некој во станот“, забележува полицијата.
Едната би чувала стража додека другите би ги обивале бравите со пластична картичка или алатки. При апсењето, полициските службеници пронашле неколку шрафцигери скриени меѓу женските работи, пластична картичка и друг погоден алат. Со проверка на влезните врати во зградите каде што се пронајдени, откриле траги од кршење на бравите.
Жените се обвинети за две кражби и уште четири обиди.
Во соопштението полицијата ги повика жителите на Шпанија да бидат внимателни бидејќи ваквите грабежи се вообичаени низ целата земја. Жените со хрватски, српски, босански и италијански документи редовно се апсат под сомнение дека краделе пари, накит, парфеми и други вредни предмети од куќи и станови. Понекогаш мажите ги носат со автомобили до нивните дестинации, а полицијата таквите групи ги нарекува „патувачки банди“ затоа што често ги менуваат местата низ Шпанија.
„Секогаш кога ќе излезете од дома, макар и на неколку минути, заклучете ја вратата до крај. Доколку дојдете дома и забележите скршена брава или отворена врата, не влегувајте и не допирајте ништо, туку веднаш повикајте полиција“, велат од полицијата и ги повикуваат граѓаните да се јават секогаш кога ќе видат сомнителни лица и да не пуштаат непознати лица во зградата.
Бројот на грабежи редовно се зголемува во лето кога илјадници жители се далеку од своите домови на годишни одмори.