Ва вонреден конгрес денеска ДОМ избра ново претседателство составено од 4 копретседатели кои ќе ја водат партијата како ВД раководство до следните локални избори.
Конгресот беше свикан по оставка на досегашната претседателка Маја Морачанин, по неуспешните резултати на неодамнешните парламентарни избори.
Нови копретседатели се: Александар Анѓушев, Ана Угринска, Антони Новотни и Дане Милошевски.
Новоизбраните копретседатели ќе раководат со партијата во периодот до локалните избори, по што партијата ќе одржи редовен конгрес на кој ќе се избере нов лидер.
ДОМ, наведуваат оттаму во соопштението, останува посветен на своите основни вредности и цели, неотстапувајќи од своите програмски приоритети за спроведување на зелените политики во делот на заштитата на животната средина, праведната енергетска транзиција, борбата против корупцијата и почитување на темелните човекови права на сите граѓани.
-Нашата мисија продолжува да биде насочена кон унапредување на општеството и постигнување одржлив и праведен развој, залагајќи се за подобар живот на сите граѓани на Македонија – велат од ДОМ.