![корона](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/03/5e71d6f60f254410384af538.jpg?resize=696%2C392&ssl=1)
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје,во последните 3 дена (од 08.07 до 10.07.2022) регистрирани се 524 нови случаи на КОВИД-19.
Во текот на изминатите 3 дена не е пријавено ниту едно починато лице. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин се регистрирани четри починати лица: 2 лица од Скопје (67г и 83г) и по едно лице од Охрид (80г) и Тетово (69г), од пријавените починати лицa две се починати во болнички услови, а две во домашни услови. Починатите се пријавени во период од 28.06.2022 до 07.07.2022
Направени се 1.869 тестови преку: ИЈЗ-219, ЦЈЗ Скопје-32, ЦЈЗ Битола-37, ЦЈЗ Прилеп-13, ЦЈЗ Тетово-25, ЦЈЗ Куманово-42, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, Судска медицина-3, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–1, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–119, Жан Митрев (Филип Втори)-68, Авицена-62, Биотек-104, Систина-74, лабораторија Лаор-7, Синлаб-4, Ремедика-17, Плодност-20, Генеа-15, Никоб Лаб-108, ВФВ Медикал-38, Ели МедикаПлус-20, Ројал Медика–2, Спектра-ММ-9, Рапид Лаб–6, Жан Митрев Струмица–3, Нова Лаб Дијагностика–1, Рамус-18, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 801.
Досега во земјата се направени вкупно 2.090.703 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 316.219, бројот на оздравени пациенти е 305.239, на починати е 9.335, а бројот на активни случаи изнесува 1.645