Во последните 24 часа во Македонија се направени 860 тестирања, а регистрирани се 78 нови случаи на Ковид-19 во:
– Скопје 28
– Куманово 5
– Дебар 4
– Прилеп 8
– Тетово 4
– Битола 1
– Охрид 1
– Кавадарци 2
– Гостивар 8
– Радовиш 1
– Кочани 2
– Пробиштип 1
– Македонски Брод 1
– Берово 4
– Делчево 3
– Кичево 3
– Неготино 2
Во истиот период починале четири лица. Двајца пациенти од Гостивар на 71 и 82 години и 73 годишна пациентка од Тетово. Двајца од нив се починати во, а еден вон болнички услови.
Почина и пациентка од Куманово на 68 години, примена во амбуланта на Инфективна клиника без срцева акција, а по обидот за реанимација констатирана е смрт.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 40 оздравени пациенти од:
– Скопје 13
– Прилеп 1
– Велес 2
– Гостивар 9
– Кочани 2
– Македонски Брод 3
– Свети Николе 1
– Кичево 9
Досега во земјата се направени вкупно 138.325 тестирања на Ковид-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 13673, бројката на оздравени пациенти е 10150, на починати е 568, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2995.