Четири лица потешко повредени во сообраќајки во Скопје

Двајца возачи на патничко моторно возило, сопатник и еден пешак биле тешко повредени во четири од вкупно 30 сообраќајни незгоди што изминатиот викенд се случиле на подрачјето на СВР Скопје. Во 16 сообраќајки полесно биле повредени 24 лица, а во 10 била причинета материјална штета.

Од СВР Скопје информираат дека викендов сообраќајната полиција санкционирала 69 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, а од сообраќај исклучила 37 возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол, 48 возачи пред да се стекнат со право на управување моторно возило и пет почетници, како и 36 нерегистрирани возила.

Санкционирани биле и седум возачи кои поминале коловоз вон пешачки премин, седум возачи поминале на крстосница на црвено светло, двајца возачи не дале првенство на минување на обележан пешачки премин, тројца возачи за неправилно престројување, четворица возачи за неправилно престигнување, A еден возач за не давање првенство на минување на возилата во зона на крстосница. Исто така, осуммина биле санкционирани за не користење заштитен шлем од страна на возачите на велосипед со мотор, мопед и мотоцикл, девет возачи за не носење сигурносен појас, како и 21 возач кои користеле мобилен телефон за време на управување на моторно возило.

Санкционирани биле и седум пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин и двајца пешаци кои поминале коловоз на црвено светло.

Затекнати биле 154 возила непрописно паркирани, а со помош на специјалното возило „пајак“, отстранети биле 144 возила.