Четири лица се ранети во пукање на големата шопинг улица во центарот на Брисел, соопшти полицијата. Напаѓачите побегнале од местото на инцидентот до пристигнувањето на полицијата, откако таа била повикана околу 19:30 часот, изјави портпаролката на полицијата Илсе Ван де Кер.
„Во овој момент, нема ништо што навдува дека е тоа терористички чин“, рече таа.
Еден од ранетите е во критична состојба. Полицијата го обезбеди местото и е во потрага по напаѓачите.