
Четири лица се повредени во сообраќајна несреќа која пред половина час се случила на булеварот „Борис Трајковски“ кај Охис, објави Курир.
Од МВР за Курир велат дека во несреќата учествувале комбе и „Пасат“, а повредените лица биле пренесени на една од скопските болници.
Повеќе детали за сообраќајната несреќа и здравствената состојба на повредените очекуваме во текот на денот.