Четири лица пронајдени мртви во стан во Лондон, меѓу нив и две деца

Во Хаунслоу, Лондон, четири лица се пронајдени мртви, 11-годишно девојче, тригодишно момче и маж и жена на возраст од 30 години, соопшти Метрополитен полицијата. Се верува дека сите тие се поврзани.

Загрижените жители повикале полиција, која ги пронашла телата откако насилно влегле во станот. Полицијата го опиша како „страшен настан“.

Супт Шон Вилсон, локален полициски командант во западен Лондон, рече дека истрагата е во многу рана фаза и врз основа на првичните набљудувања, тие во моментов не бараат никој друг во врска со инцидентот.

– Свесен сум за шокот и вознемиреноста што овој ужасен настан ќе предизвика во заедницата во Хаунслоу и пошироко. Можам да го уверам локалното население дека експерти работат на утврдување што точно се случило и штом можам ќе дадам дополнителни информации – рече тој.