Четири лица се повредени во судир на три возила на патот Кичево–Гостивар

На 26.07.2023 во 08.40 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Кичево–Гостивар се случила сообраќајна несреќа помеѓу три патнички возила: „пежо“ со косовски национални ознаки, управувано од Ф.М.(64) од Косово, „мерцедес“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од М.Т.(33) од с.Конопница, кривопаланечко и „фолксваген пасат“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од А.Б.(74) од с.Зајас, кичевско, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на возилото „мерцедес“, додека тројца сопатници од истото возило се здобиле со телесни повреди, констатирани во Медицински центар Кичево.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кичево.