Четири лица, од кои едно е малолетно, се уапсени ноќта кон саботата во рамките на истрагата за убиството во петокот попладнето на професор во предградие на Париз, пренесува агенцијата France Press.
Според изворот на агенцијата запознаен со текот на истрагата, на сите уапсени им бил одреден притвор. Станува збор за роднини на тинејџерот кој во петокот попладнето беше застрелан во близина на средното училиште во гратчето Конфлан-Сен-Онорен, во департманот Ивелин во регионот Ил-де-Франс, во близина на Париз.
Според досегашните сознанија на истрагата убиството ги извршил 18-годишник, родум од Москва, кој претходно во петокот го обезглевил професорот по историја, кој претходно месецов предавал за слобода на медиумите и притоа пред да покаже карикатура на пророкот Мухамед им препорачал на учениците кои го исповедаат исламот да го напуштат часот, бидејќи таквиот чин се смета за светогрдие. За тоа имало наводно и поплаки од родители на учениците.
Француското државно обвинителство за случаи на тероризам објави дека отворило истрага за „убиство поврзано со тероризам“ и за „злосторничко здружувње поради вршење терористички чин“.
„Напаѓачот не фигурира на списокот престапници по кои се бара, а исто така не е на листата радикализирани лица. Сепак, бил познат по случаи за престапи поврзани со граѓанското право“, пренесе во петокот ноќта телевизијата BMFTV повикувајќи се на извори од полицијата и обвинителството.