Четири лица учествувале во нападот и ранувањето на полицаецот во Велес

На 02.02.2020 околу 10.15 часот пред црквата „Св.Спас“, кај Градските гробишта во Велес, полициски службеници при преземање на службени дејства биле физички нападнати од четири лица. Едно од нив на полицискиот службеник Е.М.(46) му го одзело службениот пиштол и пукало кон него. Е.М. бил префрлен во здравствена установа во Скопје за укажување на лекарска помош.

Тројца од напаѓачите се приведени во полициска станица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.