![policija-rotacija-1-960x525](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/12/policija-rotacija-1-960x525-1.jpg?resize=696%2C381&ssl=1)
Денеска во 00.57 часот било пријавено дека на регионалниот пат Кочани- Пониква патничко моторно возило „бмв“ со штипски регистарски ознаки, управувано Н.И.(19) од с.Карбинци, излетало надвор од коловозот.
-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобиле сопатниците И.М.(21) од с.Карбинци, М.К.(18) и А.Ј.(20), двете од Штип, констатирани во Општата болница Кочани, информира МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кочани.